AПСОРБЕР
НА ВЛАГА

Без Aпсорбер на влага

Вишокот на влага се задржува на студените ѕидови, теписите, мебелот, облеката и книгите, со што се овозможува зголемено создавање на алергени, грини и мувла кои го нарушуваат здравјето и ги оштетуваат предметите.

Со Aпсорбер на влага

Со користење на Aпсорберот на влага ги спречувате несаканите дејства кои ги создава прекумерната влага и со тоа обезбедувате поздрав живот и подолг век на траење на предметите.

Aпсорберот на влага може да се користи за:

ВИКЕНДИЧКИ, КАМП ПРИКОЛКИ, ПОДРУМИ, ГАРАЖИ, ЧАМЦИ, ЈАХТИ...

Што е тоа и како функционира?

Апсорберот на влага е ефикасно и едноставно решение за елиминирање на вишокот на влага во сите простории. Безшумен, незабележлив, не троши никаква енергија.

Апсорберот на влага е пластична кутија (димензии 16 x 20 cm, висина 14 cm) која може да се постави каде било во просторијата, и доколку има вишок влага ја впива и ја собира во долниот, проѕирен дел од садот.

Во горниот дел на апсорберот има таблета со хигроскопна сол (калциум хлорид) која по природен пат го врзува само вишокот на влага од воздухот (кога релативната влажност на воздухот е поголема од 65%).

Со постојаната употреба на апсорберот на влага превентивно се чува здравјето на членовите на домаќинството и се спречува развојот на астма и алергии.

  • Ја спречува појавата на кондензација, а со тоа и појавата на мувла
  • Ги суши влажните подрумски ѕидови во недоволно проветрени простории
  • Спречува појава на мувла и непријатни мириси во ормани со облека
  • Спречува формирање на микроспори на мувла и бактерии кои предизвикуваат алергии и инфекции на респираторниот тракт
  • Создава идеална клима за астматичари и ревматичари
  • Ги заштитува чувствителните електронски уреди како што се телевизори, компјутери, копир апарати, фото апарати и сл.
  • Во случај на поплава во станот или пукање на цевки, го забрзува процесот на сушење на ѕидовите
  • Незаменлив уред за употреба во викендички и камп-приколки и чамци, особено ако не се користат долго време

Што е тоа, и како функционира?

Во многу влажни простории, ефективноста на Апсорберот на влага може да се забележи веќе по десетина дена. Вишокот на амбиенталната влага се врзува за кристалите на сол во таблетата. Намалувањето на количината на влага во просторијата директно влијае на спречување на појавата на конденз (односно мувла), гниење на материјалите и навлажнување на ѕидовите…

Не троши никаква енергија (ни струја ни батерии) и не испушта никаков мирис ниту пак пареа. Кога ја поставувате таблетата на решетката, истиснете ја таблетата од отворената кесичка и потрудете се таблетата да не дојде во допир со кожата.

Воздухот со зголемена концентрација на влага поминува низ мрежастиот капак и хемиски се врзува за солта во таблетата. Таблетата постепено се топи (раствора) и се претвора во желатинска течност која се собира во долниот сад, а ефектот на една таблета трае 1-4 месеци, во зависност од концентрацијата на влага и температурата на воздухот во просторијата.

Кога ќе се потроши таблетата, а садот со собраната течност е полн (максимум до еден литар), потребно е течноста да се истури во канализацијата (но не во септичката јама), да се исплакнат садот и решетката, да се исушат, а потоа да се стави нова дополнителна таблета.

Кога концентрацијата на водена пареа во просторијата паѓа на оптимални 50% - ефектот на апсорберот на влага престанува, што го спречува прекумерното сушење на воздухот во просторијата. Ефектот на апсорберот не може да се види веднаш, туку по неколку дена или недели. Вистинските резултати се видливи само по неколку месечна континуирана употреба.