ВЛАГА И
МУВЛА

Присуство на влага во ѕидовите на
oбјектите предизвикува бројни проблеми и непријатности

  • лошо влијае на топлинските карактеристики, што значи дека е потребно повеќе да се загреат просториите што подразбира поголеми трошоци
  • како резултат на влагата, на ѕидовите се појавуваат дамки, мувла а често и отпаѓање на последниот слој од малтер, глет маса…
  • поради долгата изложеност на ефектот на влага, ѕидовите исто така може да претрпат трајно оштетување

Сето ова ни кажува дека кога ќе се појават проблеми со влагата, треба брзо да реагираме.

– Атмосферска влага

– Кондензациска влага

– Влага од протекување

Пред која било интервенција потребно е да се даде точна дијагноза, односно да се утврдат вистинските причини за присуство на влага, од кога е присутна, во какви услови е создадена... Експертот брзо ќе утврди за каков тип на влагата се работи и ќе предложи најдобро решение за санирање на проблемот.

Кондензациска влага

Кондензациската влага се јавува како резултат на лоша топлинска изолација на просториите и несоодветна вентилација.

Критични места каде што се јавува оросување - собирањето водени капки најчесто се аглите - аглите на просториите како бетонски греди и надпрозорници.

Како последица на големата разлика помеѓу надворешната температура на ѕидот, особено во зима, и внатрешната температура во загреаната просторија, доаѓа до кондензација на влагата присутна во воздухот. Топлиот воздух наеднаш се лади и на површината на ѕидот се појавува роса. Влажната и ладна подлога доведува до појава на мувла. Освен неубавиот изглед на ѕидовите, вишокот на влага во просториите и мувлата како нејзина последица е исклучително опасна по здравјето на луѓето, особено на децата.

Вашите сојузници против влага и мувла

Сè што ви треба за долгорочно да се ослободите од проблемите со вишокот на влага и мувла

Апсорбер на влага

Апсорберот на влага е ефикасно и едноставно решение за елиминирање на вишокот на влага во сите простории. Безшумен, незабележлив, не троши никаква енергија.

Со постојаната употреба на апсорберот на влага превентивно се чува здравјето на членовите на домаќинството и се спречува создавањето на астма и алергии.

Teрмопремаз
За ѕидови

Ефикасно спречува појава на кондензација на третираните места. Површината обработена со овој термопремаз е до 5°C потопла од онаа што не е премачкана.

Едноставно се нанесува со четка и по сушењето може да се премачка со стандардни дисперзивни бои на база на вода.

ФЛОМАСТЕР
ЗА ФУГИ

Едноставно и ефикасно решение за освежување или промена на бојата на фугите на керамичките плочки е StopKondenz – GROUT MARKER – Фломастер за фуги.

Многу е ефикасен за покривање на несовршеностите и дамките на фугите. Погоден за употреба во влажни средини.

SK CLEANER

Доколку како резултат на вишокот на влага се појави мувла, ефикасно решение е SK Cleaner - течен препарат со распрскувач за дезинфекција и отстранување на мувла од ѕидови, прозорци и врати, дрво, пластика, керамички плочки, делови околу мијалници, туш кабини, кади и други површини.

Се користи во домаќинствата, јавните и индустриските објекти за третирање на површини кои не се во директен контакт со храна за луѓе или животни.