AQUA TILE COLOR
Квалитетна еднокомпонентна боја на водена база наменета за директно нанесување на ѕидни керамички плочки во кујни, бањи и тоалети. Прилагодена е за внатрешна употреба. Погодна е за влажни простори. Избегнувајте стоечка вода. Подлога на која може да се нанесе: керамички ѕидни плочки и порцеланска керамика.
- На водена база, со слаб мирис
- Се нанесува директно на плочките - не е потребен прајмер или шмирглање на површината
- Oдлична покривна моќ
- 3 во 1 систем: заптивање, подлога и завршна боја во едно
- Бoja : белa
- Степен на сјај: полусjaj
Подготовка на подлогата
Плочките мора да бидат чисти, суви, без прашина и маснотии. Остатоците од бигорот отстранете ги со средство за чистење на бигор, а потоа добро измијте ја површината. Отстранете ги остатоците од силикон. Фугите мора да бидат стабилни и цврсти. Сите евентуални пукнатини претходно да се затворат.
Услови за нанесување
За време на целиот период на нанесување и сушење на материјалот, температурата на подлогата и температурата на воздухот мора да бидат помеѓу 8°C и 30°C, а релативната влажност на воздухот помеѓу 30% и 75%. Прекумерната влажност на воздухот, ниската температура, прекумерната дебелина на филмот и недостатокот на движење на воздухот може да го забават сушењето на бојата.
Нанесување
Во 2 до 3 слоја со квалитетен валјак со кратки влакна или со airless уред за нанесување на боја под низок притисок (како што е серијата Wagner Felxio). Кога бојата се нанесува со уред, доволно е едно нанесување. За плочки во туш кабини, дефинитивно се препорачуваат 3 слоја.
Пакувањe750 ml
Покривност
8 – 10 m² / L.
Чистење на алатот
Веднаш по употребата со многу сапун и вода.
Сушење
Суво на прашина по околу 30 минути, суво на допир за околу 60 минути, нанесување на вториот слој возможно е по околу 4 часа и целосно сушење се постигнува по 5 дена.
Негa
Користете вообичаени благи средства за чистење во домаќинството. Не користете абразиви. Складирање: Да се чува на ладно и суво место во оригинално и добро затворено пакување. Да се заштити од замрзнување.