ПРЕМАЗ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОНДЕНЗАЦИЈА
Доколку концентрацијата на влага е исклучително висока, најефективното решение е термопремазот StopKondenz, кој многу ефикасно спречува појава на кондензација на третираните површини.
Површината обработена со оваа термичка облога е до 5°C потопла од онаа што не е премачкана. Количината на топлина што се акумулира гарантира дека дури и кога релативната влажност во просторијата е до 90%, спречува кондензација и со тоа дефинитивно ги елиминира условите за појава на мувла.
StopKondenz се нанесува едноставно со четка и по сушењето може да се премачка со стандардни дисперзивни бои на водена база.
– Атмосферска влага
– Кондензациска влага
– Влага од протекување
Содржи честички од минерален прав кои имаат својство да ја апсорбираат топлината од просторијата и подоцна да ја емитуваат поради загревање на ладните површини.
Не бара претходна подлога и може да се нанесе врз стара боја која не се лупи. Површините погодени од мувла треба да се измијат со воден раствор на варикина (1dl варикина растворен во 1/2 литар вода). Се нанесува (без разредување) во два слоја со четка или валјак. Во критични ситуации, се препорачува да се нанесе трет слој.
Првиот премаз треба да обезбеди целосно покривање на површината и минимална дебелина на слојот. Вториот премаз да се нанесе по 4 часа. После 4 часа да се нанесе трет премаз така да вкупната дебелина на слојот премаз изнесува околу 1mm.
Кога површината е целосно сува, може да се бојадисува со стандардни дисперзивни бои. Во 2 премаза без разредување, потрошувачката е 0,7 lit/m². Во 3 премази, потрошувачката е 0,9 lit/m². Кога ќе се разреди со 10-15% вода за полесно нанесување, мора да се нанесе во три слоја, со потрошувачка 0,7 lit/m².